19 - 22 октомври 2023

en mk
19 октомври МКЦ, 23:00 МКЦ, 23:00

BEN LAMAR GAY ENSEMBLE

Купи билет

BEN LAMAR GAY корнет, вокал, синтисајзер

WILL FABER гитара

MATTHEW DAVIS туба

TOMMASO MORETTI тапани

Бен Ламар Геј е композитор, корнетист, пејач, поет и еклектичен ерудит од Чикаго кој ги пренесува звукот, бојата и просторот низ фолклорни филтри за изработка на своите електро-акустични колажи. Звукот на Геј има многу уникатен, препознатлив стил што тој го нарекува ‘Pan-American’, со широк спектар на влијанија: од џез до фанк, од R&B до тропикалија и од хип хоп до електро и современа класика. Кај него, обединувањето на различните стилови е секогаш во служба на наративот, а никогаш чисто покажување на техника. Со неговиот глас и свирењето на корнет како темел, тој гради колоритни творби кои знаат да звучат радикално, од една страна, но и топло и привлечно, од друга страна. На сцената, ова може да се развие во непредвидливи правци, благодарение на блиската и интуитивна соработка со членовите на неговиот бенд. Активноста на експерименталната музичка сцена во Чикаго, како и тригодишниот престој во Бразил, му донесе соработки со бројни влијателни појави во светот на музиката, како: AACM (Асоцијација за унапредување на креативните музичари), Никол Мичел, Џеф Паркер, Џорџ Луис, Џејми Бранч, Макаја Мекрејвен, Томика Рид, Natural Information Society, Дејмон Локс, Џошуа Абрамс, Мајк Рид, Bixiga 70, Селсо Фонсека, Енџел Бет Дејвид, Тео Периш, Slum Village и Bitchin Bajas, меѓу другите. Го нарекуваат „визионер“ (The New York Times), „спектакуларно оригинален“ (Afropunk), „невозможно е да го категоризираш“ (Pitchfork) и „без дилеми, еден од моите омилени музичари на планетава денес“ (Џеф Паркер).