19 – 22 октомври 2017

en mk
20 октомври МКЦ Кино Фросина, 12:00

DIXIELAND

Документарен филм ( Латвија, Украина, Германија - 2016 )

Продуцент и режисер: Роман Бондарчук

Времетраење: 60 мин.

Со разигран и нетрперлив пристап детето истражува сè околу себе. А целта е да се дојде до оние детски, божествени, ирационални нешта кои се појавиле во нивниот живот. Dixie Land е толку питом и покрај разновидниот состав. Роман, Полина и Никита ги свират американските мелодии во постсоветскиот пејзаж, вежбајќи го својот занает со издржливост и ентузијазам. Со големо задоволство од деталите на секојдневниот живот и мудрото и суптилното чувство за хумор, овој филм вешто, со лесен допир го обработува неверојатното. И за да се задржи основната форма, педагошката приказна е дополнета со постар професор по музика, кој е и каприциозен и сакан. Истовремено вклучува и неочекувани моменти од вистинската магија и чудесии, не само на музиката, туку и на семејниот живот и софистицираната, но сепак, детска љубопитност за сè. Нашиот свет можеби е чуден, но навистина може да биде прекрасен, особено кога се прикажува преку мелодичниот и нежен филм, како што е овој. Детето го перцепира светот на различен начин. Се чини дека времето не постои. „Сакав да го видам светот низ нивните очи. Првенствено да се фокусирам на она на што децата го посветуваат вниманието во овој свет. По настаните што им се случија во овие две години додека траеше снимањето, сфативме дека приказната се промени - можеме да видиме како нивниот став кон светот се менува кога треба да преземат одговорност и да се променат за да дејствуваат соодветно“ - вели Бондарчук. Впрочем, Dixie Land е филм за целта во животот, која треба да ја дефинирате за себе.