13 – 16 октомври 2016

en mk
15 октомври Сити хол центар, 24:00

GOCE STEVKOVSKI SEPTET with DZIJAN EMIN ( Македонија )

Купи билет

ТРАЈЧЕ ВЕЛКОВ труба

КИРИЛ КУЗМАНОВ алт саксофон

ИВАН ИВАНОВ тенор саксофон

САШКО НИКОЛОВСКИ тромбон

ФИЛИП ДИМИШКОВСКИ пијано

КИРИЛ ТУФЕКЧИЕВСКИ контрабас

ГОЦЕ СТЕВКОВСКИ тапани

ЏИЈАН ЕМИН клавијатури

Вештината на Гоце Стевковски како фронтмен можеби не е толку позната колку неговиот стаж со истакнати групи како „Езгија“ на Бодан Арсовски, „Архангел“, „Леб и сол“, „Проект жлуст“, „ДНО“ или разни помали џез проекти. Меѓутоа, со својот најнов проект, „Гоце Стевковски септет“, на тапанарот му успева да изведе впечатлив потфат со тоа што намамува неколкумина млади дувачки стрелци во првите редови да работат рамо до рамо со прекалени џез ветерани. Дебитантскиот албум на групата, „7 Stories“, е ретко остварување: постхард боп албум со силни и незаборавни мелодии, кој воспоставува совршена рамнотежа меѓу упадливоста и суптилноста. Како еден од водечките современи македонски музичари, и Џијан Емин има стекнато солидна репутација ширум светот. Од прва хорна во Македонската филхармонија до вешти изведби на музички импровизации или џез, од диригирање со меѓународни оркестри до компонирање и аранжирање нумери за филм и театар, Џијан се истакнува во сиот свој сјај, секогаш додавајќи оригинален глас и беспримерна музикалност. Меѓу неговите соработници спаѓаат светски познати музичари како А. Р. Рахман, Френк Лондон, Вилијам Паркер, Боб Стјуарт, Лука Аквино, Џанлука Петрела, Малколм Берн, Дерик Меј, Хуан Аткинс и Џеф Милс. Како диригент има настапувано со Детроитската симфонија, Мелбурнската симфонија, оркестарот „L’amoureux“, Фламанската симфонија, итн. Гоце Стевковски и Џијан Емин се долгогодишни пријатели и настапуваат заедно во различни проекти над две децении.