18 – 21 октомври 2018

en mk
18 октомври Македонска опера и балет, 20:00 МОБ, 20:00

ALEXANDER HAWKINS

Купи билет

ALEXANDER HAWKINS пијано

Александар Хокинс е широко признат како еден од најиновативните и најимагинативните британски пијанисти и композитори. Тој е самоук музичар, со огромна љубов и длабоко познавање на џез-традицијата што, заедно со класичните референци, ја пренесува во своите композиции и импровизации. Неговиот посебен, уникатен звучен универзум се обликува низ потрагата по помирување на љубовта кон слободната импровизација и длабоката фасцинација од композицијата и структурата. Покрај солистичките настапи, тој работи во широк спектар на креативни контексти, вклучувајќи ја водечката улога и компонирањето за неговиот квартет и ансамбл, во дуо со Еван Паркер, Џон Сурман, Хан Бенинк, Софија Јернберг, како и во проекти на современите музички лидери - Џо Мекфи, Ентони Брекстон, Маршал Ален, Вадада Лео Смит, Хамид Дрејк, Роб Мазурек, Матана Робертс, Шабака Хатчингс, Луис Мохоло и етио-џез пионерот Мулату Астатке. Неговите концертни ангажмани му донесоа настапи на големите клупски, концертни и фестивалски сцени низ целиот свет.