19 - 22 октомври 2023

en mk
15 октомври МКЦ Кино Фросина, 20:00 МКЦ Кино Фросина, 20:00

ART PEPPER: NOTES FROM A JAZZ SURVIVOR - документарен филм

слободен влез

Документарен филм, 1982

Режија: Don McGlynn

Со: Art Pepper, Laurie Pepper, Milcho Leviev, Bob Magnusson, Carl Burnett

Времетраење: 48 мин.

Еден од најдобрите џез-документарци на сите времиња, за еден од најголемите и најфасцинантните музичари во светот на џезот. Саксофонистот Арт Пепер (1925-1982) поседува џез-биографија како од холивудските филмови. Неговиот неверојатен талент му обезбедува врвни свирки како тинејџер, но дрогата и придружните криминални активности го изместуваат од тој колосек практично во целиот тек на 1960-тите и во раните 1970-ти години. Овој документарец, снимен кратко по објавувањето на неговите брутални мемоари "Straight Life" (1979), го прикажува Пепер во полн сјај, комплетно прероден и освежен. Низ искрените интервјуа, тој се навраќа на неговите проблематични бракови, на зависноста од дрога, на затворските казни, но и на среќата да ја запознае својата последна сопруга Лори, артикулирана, сочувствителна заштитничка на нејзиниот грешен сопруг. Благодарение на нејзината посветеност, тој повторно бил во состојба да ги канализира неизмените резервоари на болка, бес и фрустрација во лиричноста на неговото музицирање. Овој трагикомичен филм го прикажува и извонредното трио на Арт, низ селекција од неговите најпознати композиции.