19 – 22 октомври 2017

en mk
22 октомври Македонска опера и балет, 22:00

PAAL NILSSEN-LOVE LARGE UNIT

Купи билет

THOMAS JOHANSSON труба

MATS ÄLEKLINT тромбон

KRISTOFFER BERRE ALBERTS тенор и алт саксофон

JULIE KJÆR алт саксофон, флејта

KLAUS ELLERHUSEN HOLM алт и баритон саксофон

PER ÅKE HOLMLANDER туба

KALLE MOBERG хармоника

KETIL GUTVIK електрична гитара

TOMMI KERANEN електроника

CHRISTIAN MEAAS SVENDSEN контрабас, електричен бас

INGEBRIGT HÅKER FLATEN електричен и акустичен бас

ANDREAS WILDHAGEN тапани, перкусии

PAAL NILSSEN-LOVE тапани, перкусии

Пал Нилсен-Лав е еден од творечки најпродуктивните и најактивните норвешки музичари во последните 20 години. Со илјадници свирки и стотици снимки, тапанарот е познат по бендовите како The Thing, OffOnOff, Ballister, Hairy Bones, Chicago Tentet и Original Silence, и по соработките со музичари како Арто Линдзи, Отомо Јошихиде, Акира Саката, Кен Вандермарк, Џим О’Рурк, Питер Бротцман, Турстон Мур, Мичијо Јаги и многу други. Во 2013 година Нилсен-Лав решава дека е време да основа свој голем ансамбл. Со главно помлади норвешки музичари во својот состав, Large Unit се манифестира како интензивна и моќна сила на сцената, но исто така навлегува и во посуптилни и текстурални пасажи. Во групата членуваат музичари од Финска, Шведска и Данска. Со други зборови: нордиска музика во своето најмоќно издание. Евидентни се трагите од искуството на Нилсен-Лав со групите како што се Peter Brötzmann Chicago Tentet, Ken Vandermark’s Territory Band и Frode Gjerstad’s Circulasione Totale Orchestra, но нема сомнение дека со Large Unit, Нилсен-Лав се стреми да создаде група со сопствен звук. Large Unit “експлодираa” на сцената на Molde Jazz Festival во 2013 година, а оттогаш свират на турнеи низ Норвешка и фестивали ширум Европа. Во 2014 година Large Unit го објавија својот деби-албум ”Erta Ale” (вториот е „Ana“), на којшто најсилно се чуствува моќта на целата група, со сите музичари во полна сила.