13 – 16 октомври 2016

en mk
14 октомври Македонски народен театар, 22:00

MARCIN WASILEWSKI TRIO with JOAKIM MILDER ( Полска/Шведска )

Купи билет

MARCIN WASILEWSKI пијано

SŁAWOMIR KURKIEWICZ бас

MICHAŁ MIŚKIEWICZ тапани

JOAKIM MILDER саксофон

Долгогодишните состави се реткост во џезот, но триото на пијанистот Марчин Василевски свири заедно уште од студентските денови во раните деведесетти и способноста на членовите да си ги доловат и зајакнат мислите го одразува токму ова. Групата е една од најсјајните ѕвезди на полската џез сцена, позната по својата уникатна дарба да ги меша традицијата и современиот звук. Составот ги комбинира врвната традиција на тешкото начело на клавирското трио и притоа создава свој сопствен звук. Marcin Wasilewski Trio се смета за една од најзнаменитите и уникатни џез формации на својата генерација и стекна светска слава. Нивната прва плоча „Komeda“ (омаж на Кшиштоф Комеда) стана едно од најкоментираните дебија таа година. „Spark of Life“, издаден во 2016 година, е новиот албум на триото. На четвртиот албум на Marcin Wasilewski Trio има посебен гостин, шведскиот лирски саксофонист Јоаким Милдер, кого Полјаците го запознаа преку настапите со проектот „Litania“ на Томаж Станко. Како и секогаш, триото на Василевски воспоставува рамнотежа меѓу оригиналниот материјал – силно мелодични нови композиции од Марчин (меѓу кои и две варијанти на прекрасната насловна нумера) – и смела лепеза на обработки, во кои спаѓаат Херби Хенкок, „Message in a Bottle“ на The Police и аранжманот на Славомир Куркиевич на композиција на Гражина Бацевич, при што го зајакнува својот статус на една од најснаодливите постојни групи.

Поддржано од

title