19 – 22 октомври 2017

en mk
21 октомври МКЦ Кино Фросина, 15:00

NEW MUSIC IN NEW YORК

Презентација на: Ичо Видмар (Словенија)

Ичо Видмар (роден 1961 година) е социолог по култура од Словенија и има докторат по социологија на Универзитетот во Љубљана. Тој е независен истражувач, музички новинар, преведувач, лектор, колумнист и радио водител. Автор е на монографијата „Новата музика во Њујорк: Независните музичари и правото на градот“ (Studia humanitatis, Љубљана 2017 година), социолошка студија за музичкиот живот во Њујорк. На почетокот на дваесеттиот век, Њујорк е центар на американската и светската музичка индустрија, со голема концентрација на моќни медиуми. Во градот постои преплет од сегментирани музички пазари и независни музички здружувања кои успеаја релативно да ја сочуваат својата автономија во текот на неколку децении. Од седумдесеттите па наваму, Њујорк е еден од светските центри за музички иновации – локација за нова музика во некомерцијални рамки. Новата музика (musica nova) во пошироки рамки е составена од различни музички форми и нивна взаемна поврзаност во урбаното опкружување (пред сè, Даунтаун Менхетен): новата музика на минимализам, панк и њу-вејв, ноу-вејв и алтернативен рок, лофт-џез, импровизирана музика и нов џез. Додека Њујорк се развиваше во глобален и неолиберален претприемачки град, во исто време прерасна во значително поделен град, во просторна и социјална смисла, со нова класна конфигурација.