19 - 22 октомври 2023

en mk

ПРОТОКОЛ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА 39. СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ

Со овој протокол се регулираат активностите и начинот на организација на концертите на Скопскиот џез фестивал (14-17 октомври), во салата на Националната опера и балет, во согласност со Уредбите на Владата на РСМ за одржување на културни настани во затворени простори за време на пандемијата


Максималниот број на посетители на концертите е 30% од вкупниот број на седишта, со прецизно обележани места за седење и физичка дистанца од најмалку 1.5 метри. Не се дозволува стоење и групирање на посетителите за време на концертите во салата. За да нема задржување и групирање на посетителите, распоредители во фоајето и во концертната сала навремено ќе ја упатуваат публиката до своите седишта. Не е дозволено користење на седишта кои не се предвидени за тоа.


Задолжително е постојано носење на заштитна маска. Ова се однесува на сите посетители и членови на тимот задолжен за организација, внатре во салата и пред нејзините влезови. При влегувањето, задолжителна е дезинфекција на рацете и мерење на телесната температура. Пред влезовите ќе бидат точно обележани местата за чекање на публиката за влез во објектот, со цел одржување на потребното растојание. Редарската служба ќе го контролира потребното растојание од 2 метри на посетителите. На надворешните влезови во салата и во фоајето, пред почетокот и по завршетокот на концертите, како и за време на паузата, не е дозволено групирање на повеќе од 4 лица.


Гардеробата нема да работи, со цел да се избегне задржувањето на публиката и нејзиното групирање.


Дезинфекција на салата, фоајето и тоалетите ќе се врши пред и по завршување на концертите. За оваа намена ќе се користат средства специфицирани од здравствената комисија. Средства за дезинфекција на рацете ќе бидат поставени и на повеќе места во фоајето.


Билетите за фестивалот се продаваат исклучиво онлајн, а билетарницата ќе работи само во вечерите на фестивалот, со стриктно запазување на физичка дистанца од 2 метрa. Купените онлајн билети нема да се заменуваат со вистински билети во билетарницата, со цел да се избегне групирањето. Посетителите треба да ја покажат испечатената потврда за купен онлајн билет при влегувањето во салата.


На повеќе видливи места во салата и пред неа се поставуваат табли со конкретни насоки за однесувањето и почитувањето на мерките од страна на посетителите.


Обучена редарска служба ќе го контролира спроведувањето на горенаведените мерки на влезот и во просторот каде што се одржува настанот.