18 – 21 октомври 2018

en mk
20 октомври Македонска опера и балет, 20:00 МОБ, 20:00

METTE RASMUSSEN

Купи билет

METTE RASMUSSEN алт саксофон

Мете Расмусен е данска саксофонистка којашто живее и твори во Трондхајм, Норвешка. Таа е истакнат претставник на новиот бран екстремни инструменталисти-импровизатори. Заснована врз енергијата на фри-џезот, нејзината беспрекорно остра, непредвидлива и длабоко структурирана музика е опишана како „глава полна со идеи“ - еден тон совршено изведени музички каприци. Континуирано испитувајќи го звучниот потенцијал на саксофонот, Расмусен користи низа различни техники и придонесува кон проширување на азбуката на инструментот. Во соло проектите, како и во соработките со други музичари, таа ја рекапитулира сопствената, лична, визија за улогата на саксофонот, честопати претворајќи ја во целосно физичко искуство. Нејзините настапи ги обединуваат публиката и уметникот и ја овоплотуваат енергијата на таа врска. Актуелна и постојано барана, таа настапувала заедно со музичари како Алан Силва, Крег Тејборн, Крис Корсано, Матс Густафсон, Пол Ловенс, Аксел Дорнер, Мо, Џон Едвардс, Бери Гај и Зина Паркинс. Американскиот музички магазин Downbeat ја нарече „млада скандинавска саксофонска сензација“.