19 – 22 октомври 2017

en mk
21 октомври Македонска опера и балет, 22:00

MARC RIBOT & THE YOUNG PHILADELPHIANS + STRINGS

Купи билет

MARC RIBOT гитара

JAMAALADEEN TACUMA бас

AL MACDOWELL пиколо бас

CALVIN WESTON тапани

AXEL LINDNER виолина

JOON LAUKAMP виолина

NATHAN BONTRAGER виолончело

Преку децениската работа како придружен музичар на Том Вејтс, Дајана Крол, Елвис Костело, Ти-Боун Барнет, Каетано Велозо, Роберт Плант, Ален Гинзберг, Арто Линзи, Дејвид Силвијан, Џо Хенри, Ален Тусен, Black Keys, Тhe Lounge Lizards и многу други и особено преку неговата редовна соработка со Џон Зорн, гитаристот Марк Рибо се етаблира како великан на гитарата. Но, сите овие убедливи искуства претставуваат само дел од неговите музички потфати. Тој му помогна на Том Вејтс да го дефинира својот нов музички правец. Во тек на 35-годишната кариера Марк објави над 20 албуми под сопствено име, истражувајќи сѐ, од Алберт Ајлер со групата “Spiritual Unity” па до кубанската музика на Арсенио Родригез со две одлично примени изданија под името “Marc Ribot Y Los Cubanos Postizos”. Неговото пост-рок трио, Ceramic Dog го продолжува наследството на неговите претходни експериментални групи Rootless Cosmopolitans и Shrek. Последната смела авантура на Марк Рибо се The Young Philadelphians кои оддаваат почит на двојното наследство: зашеметувачкиот хармолодичен панк-фанк на легендарниот Prime Time бенд на Ornette Coleman и слаткиот, оптимистички пулс на стариот звук на филаделфискиот соул. Покрај басистот Џамаладин Такума и тапанарот Калвин Вестон, обајцата од Prime Time, родени во Филаделфија, при реализацијата Рибо вклучува уште еден соработник на Орнет – Ал МекДауел и тричлена гудачка секција.