18 – 21 октомври 2018

en mk
20 октомври Македонска опера и балет, 22:30 МОБ, 22:30

SUSANA SANTOS SILVA / AB BAARS / HAMID DRAKE

Купи билет

SUSANA SANTOS SILVA /
AB BAARS /
HAMID DRAKE

SUSANA SANTOS SILVA труба, флугел хорна

AB BAARS тенор саксофон, кларинет

HAMID DRAKE тапани, перкусии

Сузана Сантош Силва е трубач, импровизатор и композитор од Порто, Португалија. Во последниве години светската музичка критика ја смета за еден од најмоќните нови експоненти на современиот џез и импровизацијата. Со нејзиниот единствен пристап што произлегува од еден опсежен спектар на влијанија, од класичната и современата музика до џезот и текстуралната уметност на звукот, таа покажува интерес за проширување на границите на инструментот и за истражување нови начини на изразување во музиката. Еднакво комотна во регуларен ансамбл со структуриран музички израз, како и во слободната импровизација и напредните техники, Силва редовно настапува во најразлични формации, од оркестарски до соло. Таа патува, настапува и снима со врвни музичари од Португалија, Шпанија, Франција, Холандија, Белгија, Луксембург, Швајцарија, Германија, Австрија, Полска, Унгарија, Романија, Словенија, Хрватска, Косово, Србија, Италија, Грција, Египет, Мароко, Ирска, Велика Британија, Шведска, Норвешка, Данска, Финска, САД, Уругвај, Аргентина, Бразил, Обединетите Арапски Емирати и Индонезија. Во оваа прилика, на 37-то издание на Скопскиот џез фестивал, Сузана ќе настапи во трио формат, заедно со извонредниот холандски саксофонист, кларинетист и композитор Аб Барс, како и со еден од најдобрите тапанари/перкусионисти во џезот, чикашката легенда Хамид Дрејк.