19 – 22 октомври 2017

en mk
22 октомври Македонска опера и балет, 20:00

CRAIG TABORN QUARTET

Купи билет

CRAIG TABORN пијано, клавијатури

CHRIS SPEED тенор саксофон, кларинет

CHRIS LIGHTCAP бас

DAVE KING тапани

Пијанистот, органист, клавијатурист и композитор Крег Тејборн стана носечки столб на реномираната издавачка куќа ECM Records. Тејборн има широк спектар стилови кои често ги адаптира кон природата на инструментот и звуците кои што може да ги создаде. Тој започна да свири пијано и муг синтисајзер како адолесцент, а во раната фаза беше под влијание на широк спектар музички стилови, за него најзначајни фри-џезот и современа класична музика. До денес, Тејборн има објавено шест албуми под свое име, а се појавува на повеќе од 80 како придружен музичар, вклучувајќи ги соработките со Роско Мичел, Дејв Даглас, Дејвид Торн, Еван Паркер, Кристијан Мекбрајд, Дејв Холанд и други. Мнозина денес го сметаат Тејборн за најдобар џез пијанист на својата генерација. Повеќе пати ја доби наградата „Пијанист на годината” (DownBeat, JazzTimes, Jazz Journalists Association…). Тејборн веќе е на турнеја, промовирајќи го најновиот диск на својот квартет со етикетата на ECM, “Daylight Ghosts”, објавен во февруари 2017 година. Во фокусот повторно се неговото волшепство на клавијатурите и беспрекорните вештини за импровизација. Заедно со Тејборн (на пијано и клавијатури), квартетот на “Daylight Ghosts” е составен од музичари кои доаѓаат од широк уметнички круг и свират стилови како рок, електроника, “world music” и различни варијации на џез-музика.