13 – 16 октомври 2016

en mk
16 октомври Македонски народен театар, 22:00

THOMAS DE POURQUERY “SUPERSONIC” ( Франција )

Купи билет

THOMAS DE POURQUERY уметничко водство, алт и сопран саксофон, вокал, теремин, мелодика, перкусии

LAURENT BARDAINNE саксофони, перкусии, вокал

FABRICE MARTINEZ труба, флугелхорн, туба, перкусии, вокал

ARNAUD ROULIN клавијатури, вокал

FREDERICK GALIAY бас, електроника, вокал

EDWARD PERRAUD тапани, перкусии, електроника, вокал

Наградуваниот француски саксофонист и вокалист Томас де Пуркери е познат по својата дејност како фронтмен во квинтет со тромбонистот Даниел Зимерман и како пејач во рок-групата Rigolus. Со години Томас де Пуркери ја преведува музиката на Сан Ра во сегашноста. Во 2012 година го основа секстетот Supersonic, беспримерна средба на шест музичари со различни и богати потекла и стилови, со цел да го обработи возвишениот репертоар на Сан Ра. Иако музичарите се развиле преку современата музика, рокот, електрониката и „драм енд бејс“, тие се пред сè џез инструменталисти со заедничка љубов кон трансот, мелодијата и импровизацијата. Тоа е суштината на музиката што ја изведува оваа група. Supersonic обединува песни што имаат универзална димензија што им се обраќа на сите. Далеку од омаж или имитација, музиката на групата ја раскажува нивната уникатна приказна преку овој извонредно идиосинкретичен материјал на маестралниот фронтмен од Чикаго, кој тврдел дека е од Сатурн. Тоа е приказна на шест суперсонични музичари, предводени од најзагадочниот креативец на денешната француска музичка сцена. Посветеноста, совршенството и восхитот со кои Supersonic го обработуваат возвишениот и мистичен завет на Сан Ра постигнаа вртоглав успех во Франција, а на групата ѝ ја донесоа наградата за најдобар џез албум на годината.