18 – 21 октомври 2018

en mk
19 октомври Македонска опера и балет, 20:00 МОБ, 20:00

HARRIET TUBMAN

Купи билет

BRANDON ROSS гитара, бенџо, вокал

MELVIN GIBBS електричен бас

J.T. LEWIS тапани

Harriet Tubman е музички колектив оформен во 1998-та година кога тројцата музичари ги здружија силите за да создадат бенд со значење. Насловен по храбрата афро-американска робинка што го ризикувала својот живот за да се ослободи од ропство, помагајќи им на повеќе од 300 други робови да го сторат истото, Harriet Tubman е состав длабоко инспириран од идеалите за слобода. Музиката на триото - фузија на соул, рок, џез и блуз - ја истражува длабочината на овие жанрови постигнувајќи слободен и уникатен музички израз. Самите велат дека Jimi Hendrix, Ornette Coleman и Parliament-Funkadelic еднакво учествувале во создавањето на нивната музичка ДНК. Гитаристот и пејач Брендон Рос, басистот Мелвин Гибс и тапанарот Џ.Т. Луис имаат соработувано со голем број различни артисти како Касандра Вилсон, Living Colour, Лу Рид, Херби Хенкок, Хенри Тредгил, Стинг, Arrested Development, Тhe Rollins Band, Дејвид Мареј, Тони Вилијамс, Дон Пулен, Тина Тарнер, Џејмс Блад Алмер, Оливер Лејк, Мухал Ричард Абрамс, Арета Френклин, Буч Морис и многу други. Нивниот карактеристичен звук е чист и ослободен музички израз - длабока и душевна медитација на концептот за слобода, што ѝ овозможува на публиката да ја доживее музиката лишена од предрасуди во врска со стилот или жанрот. Четвртиот албум на бендот, извонредниот “Araminta”, е едно од најистакнатите изданија на 2017-та година.