14 - 17 октомври 2020

en mk
14 октомври Национална опера и балет, 20:00 НОБ, 20:00

VLATKO STEFANOVSKI / THEODOSII SPASSOV

Купи билет

VLATKO STEFANOVSKI гитара

THEODOSII SPASSOV кавал

Влатко Стефановски е еден од најоригиналните балкански и европски гитаристи. Во изминативе пет децении, со Леб и сол сними 14 албуми и свиреше насекаде во светот, а групата имаше ореол на една од најзначајните на музичката сцена на поранешна Југославија. Од средината на деведесеттите изгради и успешна солистичка кариера. Соработката со Мирослав Тадиќ на проектите како „Крушево”, „Трета мајка“… фрли нова светлина врз неговата умешност со акустичната гитара и посебно врз натамошните потраги на полето на македонската традиционална музика. Во изминатава декада свиреше, снимаше и патуваше по светот со музичари како Томи Емануел, Стокело Росенберг, Јан Акерман, Ману Каче, Тони Левин, Бојан З. и други. Бугарскиот виртуоз Теодосиј Спасов е првиот кој свири џез на кавал и ја вкрстува традиционалната народна музика со елементи на џез и класична музика во своите композиции. Тој изгради сопствен уникатен стил на изведба, а неговите перформанси се несекојдневна синтеза на фолклор, џез и класична музика. Има снимено 38 албуми и реализирано бројни светски турнеи и соработки со имиња како Трилок Гурту, Раби Абу Калил, Глен Велез, Дејв Либман, Били Кобам и други. Соработката на Стефановски и Спасов започна на проектот Balkan Fever, по што снимија неколку заеднички плочи, а на Скопскиот џез фестивал се повторно заедно по настапот во 2013-та со Македонската филхармонија и диригентот Кристијан Јарви.