18 – 21 октомври 2018

en mk
19 октомври Македонска опера и балет, 20:00 МОБ, 20:00

WADADA LEO SMITH

Купи билет

"Reflections and Meditations on Monk"


WADADA LEO SMITH труба

Ишмаел Вадада Лео Смит е трубач, мултиинструменталист, композитор и импровизатор. Има компонирано музика за соло изведби, ансамбли, класичен и креативен оркестар како и за сценски перформанси. Композициите на Вадада се изведувани од неговите сопствени ансамбли, како и од други современи музички состави. Настапувал со речиси сите значајни артисти на креативната импровизаторска музичка сцена. Добитник е на многубројни награди како композитор и музичар. Неговото истражување и уметнички развој веќе педесетина години се во насока на создавање нотиран јазик и дизајнирање компатибилни системи за илустрирање на својата уметничка експресија. Вадада Лео Смит, кого многумина го сметаат за најзначајниот и најкреативниот жив џез музичар, првенствено смел трубач, а потоа и мултинструменталист и композитор, достигна нов врв во својата кариера. Критичарите на магазинот Downbeat во 2017-та година го прогласија за најдобар во три категории: џез артист, трубач и џез албум на годината (“America's National Parks”). Скопскиот џез фестивал ја има привилегијата да биде избран како единственото место во Европа за ексклузивна премиерна концертна изведба на неговиот албум “Reflections and Meditations on Monk”, уште едно негово ремек-дело од 2017-та година.