13 - 16 октомври 2022

en mk
13 октомври МКЦ, 23:00 МКЦ, 23:00

ZULU 3.4

Купи билет

ДАМЈАН ДАНЕВСКИ тапани

МАРИО СИМОНОВСКИ гитара

МАРТИН ЏОРЛЕВ клавијатури

Zulu 3.4 е современо инструментално трио од Скопје коешто го сочинуваат Дамјан Даневски (тапани), Мартин Џорлев (клавијатури) и Марио Симоновски (гитара). Станува збор за млади академски музичари, со исклучителен талент, долгогодишно искуство и сериозен професионален пристап. Формирани се во март 2018 година од страна на Дамјан Даневски, водени од идејата преку фузија на различни стилови и со употреба на современи технички помагала да создадат уникатен звук и да внесат свежина на домашната музичка сцена и пошироко. Името на бендот е инспирирано од радио-аматерскиот код за Македонија со кој Дамјан се среќавал од најмала возраст како син на долгогодишен радио-аматер, па оттука радио-аматеризмот е и еден од најважните мотиви што се провлекува низ целото нивно творештво. За кусиот временски период колку што постојат, Zulu 3.4 поседуваат релативно богата дискографија. Нивното деби издание „FM to AM” излезе во 2019-та, а вториот албум „Expandability“ го објавија во март 2020-та, промовиран со концертен настап кој беше последен пред пандемиското затворање на сцената. Минатата година, тие го реализираа и својот трет студиски проект „Fragments“. Музиката на Zulu 3.4 содржи широк спектар на влијанија и инспирации: од најсуптилните мелодични изданоци на чикашкиот пост-рок па сè до некои модерни (не само) џез фузии, проникнувања и вкрстувања.