„After the Wildfire“ е дело што е нарачано специјално за Скопскиот џез фестивал. Светската премиерата се случи во 2023-та, како концерт со оригинални композиции и изведби на Арве Хенриксен и Јан Банг и со Емин Џијан како оркестратор и диригент на Фејмс Институт оркестарот. Во настапот учество зедоа и повеќе македонски солисти. Критиката оцени дека „After the wildfire“ покажува уметничка издржаност и мајсторство кое не е брзоплето составено, туку внимателно промислено. Беше истакната извонредна умешност и емотивна длабочина на музичарите, притоа создавајќи богата текстура и звучен пејсаж, којшто ги задржа слушателите фасцинирани, од почеток, до крај. Со издавањето на албумот „After the Wildfire“ за Jazzland (Punkt editions) Банг и Хенриксен се враќаат во Скопје и ќе настапат како квартет со гитаристот Еивинд Арсет и перкусионистот Ингар Зак. Јанг Банг е меѓународно признат композитор и е еден од најуспешните продуценти од Норвешка. Уметнички директор е на прочуениот фестивал Punkt. Тој е водечка фигура во развојот на таканаречениот live sampling и со големо искуство во многу проекти, често интердисциплинарни. Арве Хенриксен е исклучително влијателен трубач и композитор со бројни соработки со истакнати музичари. Во неговата дискографија има преку 180 албуми. Ејвинд Ерсет е еден од најпознтите и најпродуктивни норвешки гитаристи.