En

16 - 19 октомври 2025

17 октомври Национална опера и балет, 20:00

CECILE MCLORIN SALVANT

  • вокал
  • пијано
  • контрабас
  • тапани
Сесил Меклорин Салвант е композиторка, пејачка и визуелна уметница позната по својот специфичен пристап кон музиката, комбинирајќи елементи од џез, блуз, фолк, театарската и барокната традиција. Опишана од Џеси Норман како „уникатен глас поткрепен со интелигенција и апсолутна музикалност“, Салвант се прослави со нејзината способност да откопува заборавени песни, оживувајќи ги со силни наративи, неочекувани пресврти и богата емоционална длабочина. Родена во Мајами од мајка Французинка и татко Хаиќанец, своето музичко патување го започна со часови по класично пијано на петгодишна возраст. Подоцна се сели во Екс ан Прованс, Франција, каде што студира класично пеење, дополнително усовршувајќи го својот еклектичен музички стил. Во 2010 година, таа победи на престижниот натпревар „Телониус Монк“, што го катапултираше нејзиното име на интернационално ниво. Оттогаш, Салвант освои три последователни Греми награди за најдобар вокален џез албум со „For One to Love“, „Dreams and Daggers“ и „The Window“. Нејзиниот албум „Ghost Song“ (Nonsuch Records, 2022), доживеа одлични критики и заработи неколку номинации за Греми. Нејзиниот актуелен албум „Mélusine“ (2023), отпеан главно на француски, го истражува средновековниот фолклор, прикажувајќи ги нејзините широки и разновидни влијанија. Концертите на Сесил Меклорин Салвант се неповторливи искуства, во кои таа покажува неверојатно чувство и талент за раскажување приказни. Како извонредно значајна појава во современиот џез, таа продолжува да ги поместува границите на жанрот, нудејќи свежа, емотивно моќна перспектива којашто ја освојува публиката ширум светот.