En

16 - 19 октомври 2025

18 октомври Национална опера и балет, 22:00

GORAN KAJFEŠ TROPIQUES

Купи билет
  • труба, синтисајзер
  • пијано, оргуљи, синтисајзер
  • контрабас
  • тапани
  • виолончело
  • виолина
  • виолина
  • виолина
  • звучен инженер
Со проектот Tropiques, Горан Кајфеш во 2011-та состави група која на музиката ќе ѝ пристапи минималистички, темелејќи ја на базичен грув, трпеливо и бавно развивање на формите, мелодиска импровизација и мантрични мотиви кои се протегаат низ електро-акустични текстури. Ова е музика која често се нарекува „хипно-џез“. Квартетот Tropiques го сочинуваат Горан Кајфеш, Александар Зетсон, Јохан Берлинг и Јохан Холмегард, сите со своја клучна улога на креативната музичка сцена на Шведска. Ова се исклучителни уметници коишто што биле дел од состави како Dungen, Ghosted, Fire!, Supersonic Orchestra, Oddjob, Subtropic Arkestra и други. По нивното деби „Enso“ и продолжението „The Wild“, минатата година излезе албумот „Tell Us“, за финската дискографска куќа We jazz. Веќе оценет како ремек-дело, со три долги композиции, ова е издание со „бавна музика“ во својата суштина. „Tell Us“ е прекрасна трилогија, истовремено нежна и снажна, со постојана филмска широчина. Ова се теми кои досегнуваат нови височини со дополнување на квартетот со гудачки инструменти. Во гудачката секција во Скопје ќе се вклучат и двајца македонски музичари, Јане Бакевски и Климент Тодороски.