En

16 - 19 октомври 2025

19 октомври Национална опера и балет, 22:00

JAMES BRANDON LEWIS QUARTET

Купи билет
  • тенор саксофон
  • пијано
  • контрабас
  • тапани
Џејмс Брендон Луис е на самиот врв на светската џез сцена. Низ моќниот звук на неговиот тенор саксофон и лиричниот квалитет, тој создава сензација – највидливо преку неговиот квартет. 42- годишниот Џејмс Брендон Луис со години е високо оценуван од критиката и во континуитет го доградува својот углед на музичар кој со неверојатен интензитет покрива повеќе проекти одеднаш. Дали е тоа групата The Messthetics, неговиот Jesup Wagon Band или Red Lily Quintet, Луис едноставно не запира. Во Скопје пристига со квартетот со кој што неодамна го издаде “Abstraction is deliverance” за Intakt. Ова е негов петти албум во ваков состав. Овие извонредни музичари, секој со свој засебен карактер, звучат современо, но длабоко вкоренети во спиритуалната и импровизаторска суштина на џезот. Луис на ова издание неодоливо ги наговестува влијанијата и почитта кон титаните на инструментот, Џон Колтрејн и Сони Ролинс. Но, овој квартет не го имитира минатото. Туку го користи за да го осветли својот пат, притоа не штедејќи ниту на интелект ниту на емоција. Не случајно Њујорк тајмс го опиша Џејмс Брендон Луис како „саксофонист кој што ја отелотворува и ја пречекорува традицијата“. Оваа година критичарите на Downbeat го прогласија Џејмс Брендон Луис за музичар на годината и тенор саксофонист на годината.