En

16 - 19 октомври 2025

17 октомври Национална опера и балет, 22:00

KAHIL EL’ZABAR’S ETHNIC HERITAGE ENSEMBLE

Купи билет
  • тапани и перкусии
  • труба
  • баритон саксофон
  • виолончело
Кахил Ел Забар преку пет децении е еден од најпрогресивните артисти на реномираната импровизаторска сцена на Чикаго. Како член на иновативната организација AACM (Association for the Advancement of Creative Musicians), на чие чело беше неколку години, тој е учесник во долга низа на успешни проекти. Ethnic Heritage Ensemble го основа во 1974-та. Со својот состав во кој учествувале плејада врвни артисти, тој дополнително ги истражува врските меѓу афро- американската музика, пред сè џезот, со потрадиционалните африкански инструментации и ритми. Дефинициите од типот – „спиритуално“ и „импровизаторско“ недоволно го опишуваат мултидимензионалното, возбудливо, образовно и прогресивно јадро на неговиот опус. Едноставно, ова е црнечка музика во својата најчиста форма. Минатата година, aнсамблот ја прослави својата 50-годишнина со албумот “Open Me, A Higher Consciousness of Sound and Spirit” кој наиде на одличен прием. Тука, Ел Забар нуди спиритуален амбиент, но и опуштен свинг кој во ниеден момент не го губи грувот. Во неговото резиме, меѓу другите, вбројани се соработки со Дизи Гилеспи, Дон Чери, Арчи Шеп, Кенонбол Адерли, Нина Симон, Стиви Вондер, Дејвид Мареј.