En

16 - 19 октомври 2025

17 октомври Национална опера и балет, 20:00

MARC RIBOT

Купи билет
  • гитара, вокал
Марк Рибо е роден во Њуарк, Њу Џерси во 1954-та година, а музичкиот пат го започнува под менторство на хаиќанскиот композитор и гитарист, Франц Касеус. По преселбата во Њујорк на крајот на 70-те, Марк Рибо нурка длабоко во музичката ризница и се позиционира како извонреден гитарист. Меѓу соработките од оваа ера се оние со Lounge Lizards, Брадер Џек Мекдаф, Вилсон Пикет, Чак Бери... Во 1985-та со Том Вејтс и неговиот култен „Rain Dogs“ успеваат да отворат сосема ново поглавје во американската музика и веќе не постои никаков сомнеж за неговата иновативност. Рибо е забележан како учесник во речиси 600 изданија, импозанта бројка во која се вклучени и неговите 25-те лични проекти, секој влијателен на свој начин. Ретки се артистите со толку плодно резиме во кое се наоѓаат и групите со Роберт Плант и Алисон Краус, Елвис Костело, Дајана Крол, Мариса Монте, Арто Линдзи, Каетано Велосо, Нико Кејс, Соломон Барк, Џон Зорн и многу, многу други. Неговиот нов, соло проект, „Map of a Blue City“ Марк Рибо го живее речиси 30 години. И ова е првата плоча која целосно гравитира околу неговото пеење. Албумот е синтеза на повеќе правци: традиционална американска музика, блуз, боса нова, ноу вејв, нојз и фри џез. Сѐ во една совршена целина која наиде на извонредни реакции како од обожавателите, така и од критиката.