En

16 - 19 октомври 2025

16 октомври Национална опера и балет, 22:00

NATIONAL JAZZ ORCHESTRA with SIGI FEIGL & LUIS BONILLA

Купи билет
  • диригент, аранжер
  • алт саксофон
  • тромбон
  • алт саксофон
  • тенор саксофон
  • тенор саксофон
  • тенор саксофон
  • труба
  • труба
  • труба
  • труба
  • тромбон
  • тромбон
  • тромбон
  • бас тромбон
  • пијано
  • гитара
  • тапани
  • контрабас
Уметничката зрелост, експресивноста и доследната посветеност на негувањето на џез традицијата за кратко време го вброија Националниот џез оркестар меѓу највлијателните биг-бендови на Балканот. Официјалниот статус како Национална институција го добива во 2024 година, но музичката традиција што стои зад него се темели на долгогодишна работа, започнувајќи со биг- бенд концертите во 2016 година. Под уметничкото водство на истакнати диригенти и композитори како Зиги Фајгл, Владимир Николов и Џијан Емин, оркестарот создава уникатен и современ звук и соработува со реномирани светски музичари како Курт Елинг, Марија Мендеш, Дони МекКаслин и Џон Рајли. На џез фестивалот оркестарот ќе настапи под водство на австрискиот диригент Зиги Фајгл, а гостин солист ќе биде Луис Бониља. Фајгл важи за еден од најистакнатите фигури во европскиот џез и пионер во развојот на биг-бенд музиката и џез образованието. Соработувал со великани како Арт Фармер, Боб Брукмаер и Тутс Тилманс и е професор и раководител на Џез академијата во Грац. Во Грац живее и работи и Луис Бониља, меѓународно признатиот американски тромбонист со богата и долга музичка кариера. Како ученик и соработник на Лестер Боуви, тој настапувал во неговата легендарна група Brass Fantasy.