Поет, египтолог, космолог, историчар, активист, бенд лидер, музичар, џез пионер. Сан Ра беше сево ова. Просветлувачката биографија нè води на едно комплексно патување низ животот на еден сложен човек, кој е роден во Бирмингем, Алабама. Или е дојден од Сатурн. Или и двете. Со својот Sun Ra Arkestra тој ги прошири границите на слободната џез форма, остави свој печат врз класичните џез стандарди и храбро навлезе во електронската музика. Неговото творештво е длабоко вкоренето во идејата за афрофутуризмот. Притоа, Сан Ра ги соединува меѓуѕвездените метафори (“Space is the place”) и своето научно објаснување за „трансмолекуларизација“ со црнечкиот живот во Америка. Филмот грациозно ги балансира сеќавањата на сè уште воодушевените музичари и танчери од неговиот Arkestra, историчарите, критичарите...сите восхитени следбеници, и размислувањата на самиот Сан Ра. Ова е поткрепено со незаборавни снимки од изведби и сцени од еден негов филм. Резултатот е возбудлив филмски портрет на човек, кој еднакво беше и музичар и визионер.